Си Џинпинг: Неопходно е да се подобри воената готовност

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Кина, Си Џинпинг изјави дека е неопходно да се забрза процесот на модернизација на кинеските вооружени сили.

Loading...

„Неопходно е да се подобри воената подготвеност и да се обезбеди безбедност на воздушниот простор со редовна противвоздушна одбрана“, рече Си за време на инспекцијата на Западната борбена командна зона, пренесува Ксинхуа.

Тој повика на континуирани напори за спроведување на обука во реални борбени услови.

„Новата опрема и сили треба да се интегрираат во постоечките борбени системи“, рече Си Џинпинг.

Тој додаде дека партијата мора да го задржи лидерството над вооружените сили во идеолошки, политички и организациски аспект.

Си побара и подобро партиско однесување и спроведување на партиската дисциплина.