Две лица, од кои едно барано за сторено кривично дело „силување“ вчера биле приведени на граничниот премин Табановце, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во привиот случај околу 12:25 часот на Полициската станица за граничниот премин Табановце, при пасошка контрола констатирано било дека В.К. (54) од Р.Србија евидира на СТОП – Листа и се бара за кривично дело „силување“. Истиот бил лишен од слобода и во 13:35 часот е предаден на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.
Претходно во утринските часови вчера околу 06.30 часот на граничниот премин – Табановце, при пасошка контрола, констатирано било дека П.Д. (30) од Република Албанија има фалсификувана патна исправа, односно бил отстранет дел од две страници. Во 07.30 часот истиот бил предаден на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.