Вкупно 1.024 странстки државјани вчера биле заглавени во Прифатниот центар на Табановце, информираат денес од Регионалниот центар за управување со кризи.
Воз со вкупно 437 нови бегалци пристигнал точно напладне, а ниту еден од бегалците не е пропуштен кон северниот сосед. Од страна на волонтерите и Лекари без грании им биле обезбедени шатори за престој.
Дека ситуацијата станува хаотична, заедно со судбината на бегалците говори и фактот што вчера некој украј 34 ќебиња на УНХЦР од возило кое ги транспортирало истите. Со случајот биле запознаени полициските службеници, но поради недостаток на електрична енергија записник не бил направен.
Кога струјата пристигнала повторно настанел проблеми, односно вклучените апарати за кафе прегреале и започнале да горат, со што за малку бил избегнат пожар. Проблеми има и со септичката јама која во и околу е преполнета поради врнежите од дожд во изминатите денови.
До кога ќе трае голготата на овие луѓе никој од надлежните не сака да каже, но постојат информации дека балканската бегалска рута се затвора токму денес.