Најмалку пет лица беа застрелани откако вооружен маж испука „десетици и десетици“ куршуми во продавница во Сиетл во петокот вечерта.
Loading...
Меѓу повредените има четворица мажи и една жена, изјави началникот на полицијата Адријан Дијаз, пренесува Telegraf.rs, повикувајќи се на Daily Mail.
Повредените се пренесени во болница, а две лица се во критична состојба.
Пукањето се случило на паркингот на продавницата, но Дијаз не кажа дали се работи за цел напад.
Засега не се знае дали напаѓачот е уапсен.