Дефект на електродистрибутивната мрежа остави неколку села од липковскиот крај без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за селата Ваксинце, Лојане, Црешево, Сијаниште и Опае, а од ЕВН Македонија уверуваат дека се на терен и активно работат на санирање на сите дефекти.
Без електрична енергија вчера во текот на денот биле улицата 4 во населбата Долно Којнаре, како и улицата Страшко Симонов, дефекти кои веднаш биле отстранети, велат од службата на ЕВН.