Приватен хеликоптер се урна денеска на островот Самос, а сите пет лица во него се безбедни.
Loading...
Несреќата се случила кога хеликоптерот, кој слетал на Самос за да наполни гориво на пат кон Турција, изгубил рамнотежа и паднал на земја на мала височина, пренесува Катимерини.
Според ЕРТ, немало пожар, а сите пет патници се здобиле само со полесни повреди.