Јапонија ги заостри санкциите кон Русија

Сподели со своите пријатели

Јапонските власти денеска објавија дека ќе ги зголемат санкциите против Русија поради инвазијата на Украина, вклучително и ембарго на електрични возила наменети за Русија.

Loading...

Токио претходно ги замрзна имотите на руски поединци и групи и забрани извоз на стоки во руски организации поврзани со војската, како и извоз на градежни и инженерски услуги.

Јапонската влада денеска го прошири списокот на стоки за кои беа воведени санкции за да вклучи возила со мотори од 1.900 кубика или повеќе, како и хибридни и електрични автомобили.

Новите санкции, одобрени денеска од владата на премиерот Фуми Кишида, ќе стапат на сила на 9 август.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По руски напад, Полска ги крена борбените авиони

„Откако помина повеќе од една година откако Русија ја започна инвазијата на Украина, го проширивме списокот на стоки што се предмет на забрана за извоз“, изјави за новинарите неименуван претставник на Министерството за економија, трговија и индустрија.

Меѓу производите додадени на листата се челик, пластични производи и електронски делови „кои можат да се пренасочат за воени цели“.