Тројца маринци кои беа пронајдени мртви во неделата во возило паркирано пред продавница во Хемпстед, Северна Каролина, САД, починале од труење со јаглерод моноксид, пишува Си-Ен-Ен.
Loading...
Маринците беа идентификувани како 19-годишниот Танер Калтенберг, 23-годишниот Меракс Докери и 23-годишниот Иван Гарсија.
Мајката на еден од нив пријавила дека нејзиниот син исчезнал, по што маринците биле пронајдени мртви во возилото.
„Нашиот фокус е на обезбедување на потребните ресурси и поддршка на погодените од оваа трагична загуба“, соопшти локалната полиција.
Хемпстед се наоѓа на околу 30 километри североисточно од Вилмингтон.