Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие бележат три интервенции од кои две на запалена сува трева и една на запален автомобил.
Првата интервенција на припадниците на ТППЕ Куманово била на запалена сува трева во атарт на селата Речица и Ваксинце.
Шестмина пожаникари со две противпожарни возила го гаснеле огнот во овие две села во период од 17:40 до 21:24 часот.
Втората интервенција повторно била во атарот на селото Речица, каде сува трева се гаснела во период од 18:50 до 21:30 часот од страна на тројца пожарникари.
Последната интервенција на пожарникарите била во раните утрински часови на запален автомобил на патот кон село Черкезе.
Тројца пожарникари го гаснеле возилото од 01:10 до 01:40 часот.
Никола Ивановски