И покрај неодамнешното намалување на инфлацијата, Федералните резерви на САД во средата ја зголемија основната каматна стапка за 0,25 отсто.
ФЕД навести можност за уште едно зголемување на каматните стапки во наредните месеци, благодарение на солидна економија, пренесува Б92.
Одлуката за зголемување на каматната стапка по дводневниот состанок на Федералниот комитет за отворен пазар (ФОМК) беше очекувана, а по новото зголемување референтните каматни стапки се движат од 5,25 до 5,5 отсто, што е највисока во 22 години.
Во соопштението по состанокот, ФЕД повтори дека „одредувањето на степенот на дополнително заострување на политиката ќе биде соодветно за да се намали инфлацијата до целта од два проценти.
Централната банка во соопштението наведе дека економската активност се шири со „умерено“ темпо, додека претходно наведе дека станува збор за „скромно“ раст.
Новото зголемување на каматните стапки на ФЕД значи повисоки трошоци за задолжување за потрошувачите и бизнисите, по паузата во зголемувањето на каматните стапки во јуни. Инфлацијата во јуни изнесувала три проценти.
Американците кои штедат пари во банките конечно имаат поголем принос по години на нула камата.