Германските компании се повнимателни кога вработуваат нови работници

Сподели со своите пријатели

Германските компании се повнимателни кога вработуваат нови работници, е заклучокот од најновото истражување објавено денеска на веб-страницата на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Loading...

Индексот на подготвеност за вработување IFO падна на 97,1 поен во јули од 98,3 поени во јуни.

– Позитивните и негативните одговори во моментов се во рамнотежа. Речиси во сите сектори се повнимателни кога треба да вработуваат нови луѓе – ги коментираше резултатите шефот на истражувањето на IFO, Клаус Валрабе.

Вредноста на споменатиот индекс падна во сите сектори на економијата.

Според резултатите од истражувањето, нови колеги се очекуваат само во услужниот сектор, особено во туризмот и ИТ секторот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автобус полн со туристи падна во провалија, загинаа 18 лица: Трагедија во Тајланд

Отпуштања се размислува во преработувачката индустрија, пред се во хемиската и металната индустрија, а слични сигнали има и во трговскиот сектор.

Рецесијата во градежниот сектор се уште не се одрази значително на бројот на вработени, а засега не се размислува многу за отпуштања.