УХМР најавува нестабилност и драстичен пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Утре во текот на денот ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 км/час) и во поголем дел од земјава ќе се задржи многу топло време.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер кој ќе продолжи да дува и во четврток.

Ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

 

 

Утре во Куманово и околината ќе имаме сончево до умерено облачно и многу топло време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НУЦК „Трајко Прокопиев“ најавува богата културна програма за 2025 година (ВИДЕО)

Ќе дува умерен до засилен ветер од запад и југозапад, кој на моменти ќе достгне брзина и до 50 километри на час.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 33 степени целзиусови.

 

 

Во текот на ноќта кон четврток се можни услови за нестабилност со дожд и грмежи.

Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени и ќе има услови за слаб локален дожд.

Низ кумановско во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и значителен пад на температурите.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој на моменти ќе достигне брзина од околу 50 километри на час.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени три лица во Липково, натепале сограѓанин и му се заканувале со оружје

Температурата ќе се движи од минимални 9 до максимални 24 степени целзиусови.

 

 

Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Никола Ивановски