На училиште до 17 јуни: Учениците добиваат пролетен распуст!

Сподели со своите пријатели

Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст.

Loading...

На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година  да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.

Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари.

Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст.

Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени три лица во Липково, натепале сограѓанин и му се заканувале со оружје