Две лица од Куманово се заканувале на 62-годишна жена дека ќе ѝ го убијат синот во затвор, ако не им даде пари.
Loading...
– На 24.07.2023 во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.Р.(40) од село Черкезе, кумановско и Б.Ш. (34) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од кумановската полиција, тие се сомничат дека уценувале 62- годишна жена од Куманово дека ако не им даде пари, во казнено-поправна установа ќе му го одземат животот на нејзиниот син.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски