Топлотниот бран во САД доведе до зголемување на бројот на пациенти со тешки изгореници, кои ги добиле од допирање на жешки површини и предмети, но и од врел асфалт.
Лекарите во Аризона велат дека некои од пациентите се здобиле со повреди откако паднале на прегреаниот асфалт.
Многу од пациентите се постари и деца, но Фостер вели дека најголем проблем се корисниците на лекови кои често се дехидрирани и може да се онесвестат на тротоарите.
Тој додава дека некои од изгорениците се длабоки повреди од трет степен за кои ќе бидат потребни кожни графтови.
Во центарот се лекуваат и повеќе од 150 пациенти кои не биле примени во болница, а им е потребна помош поради изгореници добиени со допирање на жешки површини, како што се металните безбедносни појаси во автомобилите, пренесува Танјуг.