Околу еден час се чека за влез преку ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Околу еден час се чека за влез во Македонија утринава преку Граничниот премин Табановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Според Автомото сојузот на Македонија, се чека околу половина час, но посочуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

– На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Никола Ивановски