Новите сателитски фотографии го открија ужасното уништување предизвикано од шумските пожари на грчкиот остров Родос.
Илјадници луѓе и туристи беа принудени да ги напуштат своите домови, хотели и одморалишта бидејќи пожарите продолжуваат да се шират низ грчките острови.
Новите сателитски снимки направени од Maxar Technologies ги покажуваат пожарите во Родос.
New #satelliteimagery of the #wildfires burning across the island of #Rhodes, #Greece. SWIR (burned areas shown as black/grey) & natural color imagery collect July 23 & 24, reveals the most active fires are located along the southeastern coast of the island, near #Gennadi. pic.twitter.com/sgSJmgidOw
— Maxar Technologies (@Maxar) July 24, 2023
Пожарите беснеат веќе една недела, што доведе до масовна евакуација. Досега од островот се спасени повеќе од 19.000 луѓе.
Портпаролот на грчката противпожарна служба Василиос Ватракоганис изјави дека вчера избувнале 64 нови пожари низ целата земја, со што вкупниот број достигна 82.
„Претстојат тешки времиња. Условите остануваат екстремни. Апелираме до граѓаните да ги евакуираат населените места. За ваша безбедност, во случај да сакате да се вратите во вашето место на живеење или сместување, мора да бидете информирани од надлежните органи“, рече Ватракогијанис.
Локалните жители и туристите не се единствените погодени од катастрофата.
Thousands of people and tourists have been forced to flee homes, hotels and resorts as wildfires continue to take hold on the Greek islands.
New satellite imagery captured by Maxar Technologies showed the blazes burning in Rhodes. https://t.co/NO2SP5uEH5
📸- @Maxar pic.twitter.com/rS5SwVfcCC
— Sky News (@SkyNews) July 24, 2023
Со речиси 7.400 хектари шума во пламен во изминатата недела, добротворните организации за животни денеска предупредија дека времето брзо истекува за да се спасат дивиот свет, домашните миленици и добитокот.