Во два одвоени случаи Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривични пријави поради соменине за сторени кривични дела „фалсификување исправи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај кривична пријава била поднесена против Ф.И. (27) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, откако предходно од непознато лице набавил три фалсификувани рецепти од Приватна здравствена ординација по општа медицина од Куманово, истите ги употребил како вистинити. Две од рецептите употребил во една аптека во Куманово и подигнал 20 ампули дијазепам, додека третиот рецепт не го употребил во друга аптека затоа што бил спречен од вработената.
Loading...
Loading...
Во вториот случај кривична пријава била поднесена против против А.О. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот во текот на 2015 година изготвил лажна исправа – Договор за купопродажба на моторно возило со вметнат штембил, потпис и печат од нотар со цел во истото барање да внесе невистинити податоци од физичко лице и како таква да ја пушти во оптек како вистинита. На 02.11.2015 година од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на пријавениот пронајдена е фалсификуваната исправа.
Двете лица ќе одговараат кривично.