Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена.
УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 10, што значи зрачење опасно по здравјето.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сонечво и многу топло време.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 19 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 39 степени целзиусови.
И во среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури и ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 km/h).
Кон крајот на денот, како што додаваат од УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе продолжи да дува во четврток кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени.
Никола Ивановски