Претходно најавената посета на германскиот министер за одбрана Борис Писториус на Ирак беше откажана поради безбедносни причини, јавува Анадолија.
Германското Министерство за одбрана соопшти дека, по насилствата пред шведската амбасада во Багдад, Федералната канцеларија за криминалистичка полиција наредила посетата на Писториус да се одложи.
Најавено е и дека не може да се игнорираат протестите во Багдад и влошувањето на ситуацијата, а одлучено е посетата да се одложи за да се заштити персоналот на германската мисија во Багдад.
Планирана посета на германските војници
За време на посетата на Ирак, министерот за одбрана Писториус требаше да ги посети германските војници кои служат во единицата на НАТО формирана за борба против вооружената група Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ) и да се сретне со ирачкиот министер за одбрана.
Со својата посета, Писториус сакаше да добие претстава за ситуацијата на теренот пред да го продолжи мандатот на мисијата на германската армија во Ирак.
Вкупно 130 германски војници служат во Ирак.