Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за „терористички“ напад со дрон, откако градоначалникот рече дека биле погодени две згради во Москва, а медиумите објавија дека останките се пронајдени недалеку од зградите на Министерството за одбрана.
Ројтерс наведува дека не е јасно дали беспилотните летала ги погодиле зградите кога биле соборени во понеделникот или намерно ги гаѓале зградите.
В Москве очередная атака беспилотников
На видео — полет БПЛА над Москвой. Взрывы на улице Лихачёва. В здании, где находится «Леруа Мерлен», выбило стёкла на верхних этажах. В одном из зданий на Комсомольском проспекте недалеко от Минобороны тоже выбиты стекла, там же обнаружены… pic.twitter.com/Hl6BCDpoDg
— SVTV NEWS (@svtv_news) July 24, 2023
Ниту Министерството за одбрана, ниту градоначалникот не кажаа каде биле пресретнати беспилотните летала.
Полина, млада жена која живее во близина на станбена зграда на авенијата Лихачев, рече: Спиев и ме разбуди експлозија, сè почна да се тресе.
Немаше моментални коментари од Украина, која речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија или на територијата под руска контрола во земјата.
Според Тасс, дронот удрил во висока деловна зграда на авенијата Лукачева, а остатоците од дронот биле пронајдени на авенијата Комсомолски.
💥Москву атакуют беспилотники.
«Жители разных районов столицы в ЮЗАО и ЮАО сообщили нам как минимум о трёх хлопках в небе… Сообщается о взрыве на улице Лихачёва. В здании, где находится “Леруа Мерлен” выбило стёкла на верхних этажах», — сообщает Shot pic.twitter.com/5LsysRrry9
— Ёшкин Крот (@yoshkinkrot) July 24, 2023