Во Грција почна евакуација на луѓето од островот Крф поради шумски пожари.
Околу 59 лица се евакуирани од плажата Нисаки на северозападниот брег, соопшти грчката крајбрежна стража.
Во евакуацијата учествуваа шест бродови на крајбрежната стража и девет приватни бродови и чамци.
Ова е втор остров во Грција популарен меѓу туристите кој е зафатен од огромни пожари.
Огнените елементи веќе беснеат на островот Родос, а голем број жители и туристи вчера беа евакуирани со приватни чамци од плажите бидејќи пламените јазици ги загрозиле одморалиштата и крајбрежните села.
Околу 30.000 гости и жители се евакуирани од Родос, пишува Sky News.
New wildfires have forced evacuations on a second Greek island.
Holidaymakers were forced to leave Corfu overnight after 19,000 people had already fled the island of Rhodes over the last week.
Meanwhile, firefighters are trying to strop the fire from spreading.
For @itvx. pic.twitter.com/K0SvkkOqG4
— Jay Akbar (@JayAkbar13) July 24, 2023
Три хотели на Родос пријавија штета, а приватните бродови исто така помагаат во евакуацијата
Пожарникарите велат дека туристите се безбедно евакуирани од погодените области на Родос – кои претставуваат помалку од 10% од туристичкото сместување на островот – и се пренасочени во други хотели на островот.
Три хотели во областа Киотари пријавија штета од пожар.
Некои од евакуираните се сместени на затворен стадион на островот, според заменик-шефот на островот.
Артофиос додаде дека пожарникарите често имаат потешкотии на Родос поради неговата богата вегетација, што го прави атрактивна туристичка дестинација.
Температурите во Грција денеска треба да се спуштат под 40 целзиусови степени, но сепак ќе бидат високи.
Засега метеоролозите не предвидуваат дожд.