Најмалку десет лица загинаа, а едно лице се уште е заробено во урнатините откако вчера попладне се урна покривот на спортската сала во средно училиште во кинескиот град Чиќихар, објави кинескиот државен медиум CCTV, цитиран од Си-Ен-Ен.
Loading...
Во моментот на несреќата во салата имало деветнаесет лица.
Четворица успеале да побегнат, а петнаесет останале заробени.
Спасувачите се уште трагаат по едно исчезнато лице.
Прелиминарната истрага покажува дека до уривање дошло затоа што на покривот на салата бил поставен градежен материјал од работите на соседната зграда.
Полицијата ги приведе одговорните за градежните работи, а надлежните продолжуваат да ја истражуваат несреќата.
Loading...