Абдулвахап Семо од Турција, познат и како човекот пчела, сонува да постави Гинисов рекорд, а во меѓувреме своето тело го покри со околу 60 килограми пчели.
Турски пчелар има за цел да постави нов светски рекорд по бројот на пчели кои покриваат едно лице.
Семо од провинцијата Ван во источна Турција се обидел да го достигне Гинисовиот рекорд кој моментално го држи Рајан Лиангминг од Кина, кој се покрил со дебел слој од околу 637.000 пчели тешки 63,7 килограми, пренесува РТС.
Абдулвахап Семо, сепак, призна дека претходно неколку пати се обидел да го собори рекордот, но дека овој пат му било особено тешко, бидејќи „пчелите биле агресивни“.
„Мојата цел е да стигнам до 65 килограми и да го соборам светскиот рекорд. Во тоа ќе ми треба поддршка“, рече тој.
Во текот на подготовките за нов обид, тој го промовира медот на производителите од неговата провинција.