Продолжува судскиот процес за „Диво насеље“

Сподели со своите пријатели

Денеска треба да продолжи судењето за случајот „Диво насеље“, откако претходното роичеште беше одложено, откако адвокатите на 29-те обвинети бараа од судот да се обезбеди поголема сала, за да можат роднините на обвинетите да го следат рочиштето заедно со новинарите.

Последен пат беа сослушани пет сведоци, од кои четворица полициски службеници нападнати во караулата Гошинце пред да се случат настаните од 9-ти и 10-ти мај во населбата Тоде Мендол, како и еден очевидец од самата населба.

Полицајците за време на сослушувањето, изјавиле дека биле нападнати од две групи, кои ги претепале и им го одземале оружјето. Групата, како што рекоа полицајците, земала оружје од магацинот на полицискиот пункт. Им ги одзеле телефоните и униформата, а потоа ги ослободиле. Полицајците објасниле дека подоцна успеале да воспостават контакт со полициската станица и да го пријават случајот.

На рочиштето кое последен пат беше одложено требаше да сведочат жители на населбата, но неизвесно е и денешното одржување на рочиштето.