Најмалку девет лица загинаа, вклучително и четворица воени лица, откако вечерва се урна авион во Порт Судан.
Loading...
Како што соопшти суданската армија, причина за падот на авионот „Антонов“ е технички дефект, пренесува Ројтерс.
Работата на аеродромот во Судан ќе биде прекината во следните неколку часа.
Според суданските новинари на Твитер, едно дете го преживеало падот, а повеќе детали се уште не се познати.