Неделна прогноза за Куманово: Ќе имаме ли освежување?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент девет, што значи штето за човековото здравје.

 

 

Во Куманвоо и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 36 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Липково прегазил 91-годишен кумановец

И утре во кумановско ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ и југозапад. Утринската температура ќе се движи околу 19 степени, а дневниот максимум ќе достигне високи 38 степени целизусови.

За денеска и утре за кумановскиот регион останува на сила портокаловиот метео аларм за опасност од високи температури.

 

 

Среда носи сончево до умерено облачно и посвежо време со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 33 степени целзиусови.

Сончево време со мала облачност и значителен пад на температурите ќе има во четврток. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 24 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Липково прегазил 91-годишен кумановец

 

 

Во петок ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени додека максималната дневна се очекува да достигне до 29 степени целзиусови.

Сабота носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне високи 32 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен северн и северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 16 до максимални 31 степен целзиусов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Липково прегазил 91-годишен кумановец

 

Loading...

 

И следната работна недела ќе имаме претжено суво и сончево време, но без екстремно високи температури.

Никола Ивановски