По 12 февруари документите без Северна, нема да важат

Сподели со своите пријатели

По 12 февруари 2024 година личните документи во кои стои Република Македонија како држава, нема да бидат важечки.

Loading...

Ова од МВР го потврдиле за Радио Слободна Европа, истакнувајќи дека тоа е во согласност со Преспанскиот договор со кој земјава стана Северна.

Граѓаните ќе мора да ги променат пасошите, личните карти и возачките дозволи во рок од шест месеци.

Ако сакате да преминете граница по 13 февруари 2024 година, а пасошот не ви е од Република Северна Македонија, туку од РМ, тоа нема да може да го сторите.

Полицијата пак ќе може да ви напише казна ако возачката дозвола не ви е со новото име, пишува РСЕ.

Освен што граѓаните ќе мора да ги променат личните документи, тоа ќе ги чини и повеќе пари.

Според одлуката на Владата од март, пасошите ќе чинат 500 денари поскапо за граѓаните над 27 години, односно 2.300 денари, а ако сакате по итна постапка подгответе 6.100 денари.

Целата анализа е достапна ТУКА.

Loading...