Дрон се урна во близина на Вроцлав, Полска

Сподели со своите пријатели

Во близина на населбата Цебјен кај Вроцлав на југот на Полска е пронајден дрон, најверојатно американско воено беспилотно летало кое се урнало во шума, а истрагата ја води Воената жандармерија, јавуваат полските медиуми.

Падот на дронот го пријавил Полјак кој одел во близина, а пожарникарите, полицијата и воената полиција набрзо во шумата пронашле летало без екипаж со распон на крилата од 8 метри.

„Еден човек пријавил дека видел нешто како паѓа, можеби мал авион, можеби дрон. Противпожарната единица излегла на терен и ја започнала потрагата. Се појавил и претставник на американската армија кој информирал дека објектот е нивен. Го најдоа заедно“, изјави за полската приватна телевизија „Полсат“ Пјотр Пиларчик, портпарол на локалната противпожарна бригада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саудиска Арабија и Пакистан потпишаа договор: Напад врз една земја е напад врз двете

Како што рече Пиларчик, станува збор за беспилотно летало чиј пад не загрозил ничиј живот бидејќи се урнал во ненаселена област.

„Полицијата е информирана, но истрагата е препуштена на Воената жандармерија“, изјави портпаролката на регионалната полиција Ана Кублик-Рошчишевска.