ЕУ ќе обезбеди наменски фонд од 20 милијарди долари за одбрана на Украина

Сподели со своите пријатели

Европската унија ќе обезбедува до пет милијарди евра годишно во следните четири години за одбрана на Украина преку посебен дел во рамките на Европскиот мировен фонд, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џузепе Борељ.

Loading...

Тој истакна дека тоа е истата алатка која досега многу добро функционирала, пренесе Ројтерс.

– Ќе продолжиме да го користиме, но со посебно поглавје во него, со конкретно финансирање, кое може да се процени врз основа на бројките што ги споменав – рече Борел на прес-конференцијата по средбата со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фон дер Лајен ја презеде целосната моќ во ЕУ

На постојната поддршка на Унијата би можеле да се додадат нови обврски

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност претходно изјави дека новите обврски може да се додадат на постојната поддршка на Унијата, како што е Европскиот мировен фонд, од кој се финансирани милијарди евра за оружје за Украина и за обука на украинските војници.

Воената поддршка за Украина мора да биде долгорочна, рече тогаш Борел, сугерирајќи дека ЕУ може да формира одбранбен фонд за Украина, по моделот на мировниот фонд.

Тој рече дека обуката и модернизацијата на украинската армија мора да продолжи.