Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен.
УВ индксот ќе биде многу висок со коефициент 10, што значи штетно зрачење по здравјето на луѓето.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 36 степени целзиусови.
И утре во кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен југозападен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне високи 37 степени целзиусови.
Недела носи сончево и топло време со слаб до умерено засилен ветер од северозападен правец.
Утринска татемпература ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна се очекува да бележи благ пад и да достигне 34 степени целзиусови.
Од понеделник продолжува повторно сончево и многу топло време, а нешто пониска температурата ќе биде од втората половина од неделата.
Никола Ивановски