Започна изградбата на детско катче кај локалитетот „Водовод“ на булеварот „Октомвриска револуција“, информираше денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Loading...
Станува збор за едно од четирите предвидени детски катчиња што треба да се изградата годинава.
Според претходните најави на градоначалникот Димитриевски, освен кај локалитетот „Водовод“, детски катчиња ќе бидат изградени и на улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во село Черкезе.
Првичниот план бил да се изградат шест, но поради големото покачување на цената на градежните материјали, ќе бидат изградени четири.
Loading...
Од локалната самоуправа, во повеќе наврати, апелираа да не се уништува опремата што ќе биде поставена.
Никола Ивановски