Чешка одобри одбранбен договор кој дозволува присуство на американски војници

Сподели со своите пријатели

Чешкиот парламент го ратификуваше одбранбениот договор кој обезбедува рамка за воено присуство на САД на чешка територија, зајакнувајќи ги врските меѓу двете членки на НАТО.

Loading...

Сепак, секоја конкретна одлука да се дозволи влез на американските војници ќе бара дополнително одобрение од парламентот, објави Ројтерс.

„Договорот е целосно во наш национален интерес и сакам да нагласам дека е доказ дека нашите односи со Соединетите Американски Држави сега се на многу високо ниво“, изјави вчера министерката за одбрана Јана Черночова во Долниот дом пред гласањето.

Таа додаде дека тоа е особено важно со оглед на моменталната безбедносна состојба.

„За жал, на само неколку стотици километри од нашите граници на исток, се случува брутална руска воена агресија и на Европа ѝ се заканува најголемиот воен конфликт од Втората светска војна“, рече таа.

Горниот дом на парламентот веќе го поддржа Договорот за одбранбена соработка, кој Долниот дом го ратификуваше денеска.

Не е јасно кога ќе биде потпишан договорот, кој беше поддржан од најголемата опозициска партија АНО, заедно со петпартиската владејачка коалиција на десниот центар.

Опозициската крајнодесничарска Партија за директна демократија беше единствената партија која гласаше против, пренесува Танјуг.

Loading...