Во израелските ракетни напади во близина на сириската престолнина Дамаск, загинаа двајца сириски војници, а причинета е материјална штета, јави сириската државна агенција САНА, повикувајќи се на воен извор.
„Околу половина час по полноќ, израелскиот непријател започна воздушна агресија со ракетни рафали од правец на окупираната сириска Голанска висорамнина, таргетирајќи некои точки во близина на Дамаск“, изјави неименуван извор, пренесе Ројтерс.
Сириската противвоздушна одбрана соборила поголем дел од ракетите, изјави изворот Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека загинале три лица.
Директорот на опсерваторијата Рами Абдулрахман за саудиската телевизија Ал-Хада изјави дека двајца членови на милицијата поврзана со Иран и еден сириски војник биле убиени во израелскиот напад.
Израелската војска одби да коментира.