СЗО: Забрзани напори за глобална вакцинација на децата против сипаници и дифтерија

Сподели со своите пријатели

Напорите за вакцинирање на децата против смртоносни болести како што се мали сипаници и дифтерија ширум светот почнаа да се забрзуваат во 2022 година по историскиот неуспех предизвикан од пандемијата Ковид-19, покажуваат најновите податоци објавени денеска од Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Loading...

Забрзувањето на вакцинацијата кај децата не е еднолично, бидејќи големите земји со пониски и средни стандарди како Индија и Индонезија статистички ги маскираат проблемите што постојат во многу помали и посиромашни земји, се вели во извештајот.

Во 2022 година, 20,5 милиони деца пропуштиле една или повеќе задолжителни вакцини, што е помалку отколку во 2021 година кога 24,4 милиони деца ја пропуштиле детската вакцинација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Погледнете како изгледал Бејрут во моментот на експлозијата на пејџери (ВИДЕО)

Објавени се податоци за вакцинација на деца против дифтерија, тетанус и голема кашлица врз основа на анкети спроведени во 183 земји. На глобално ниво, стапката на покриеност со вакцинација за децата беше 86 отсто пред пандемијата и 84 отсто во 2022 година.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека бројките се „охрабрувачки“, но нагласи дека останува загриженоста поради фактот што најранливите се оставени без заштита.