Голем интерес на летната детска работилница на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Најмладите кумановци претежно од предучилишна и училишна возраст, вечра присуствуваат на летната работилница за музика, цртање, сликање која ја организираше Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Loading...

 

 

Актерите од кумановскиот театар, Анастасија Величковиќ, Марко Трајковиќ и Никица Јанковски читаа бајки и разговараа со најмладите кумановци.

 

 

Loading...

– На овој начин преку работилници се обидуваме да ја засакаат културата, уметноста да се изразат, да цртаат и сликаат, да се интересираат за театарот. Работилницата на отворено предизвика интерес кај родителите кои во голем број ги доведоа децата да уживаат во активностите, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

 

 

Надлежните од установата најавија повеќе работилници во текот на летото за промовирање на културата помеѓу најмладите.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

МИА / фото: Никола Ивановски