Француската влада одлучи да ги зголеми регулираните цени на струјата за домаќинствата за 10 отсто почнувајќи од 1 август, објави денеска францускиот весник Les Echos.
Според веб-страницата lesechos.fr, француската влада во понеделникот вечерта го свикала Вишиот совет за енергетика за да се консултира со него на оваа тема, која авторот на написот ја означи како „обична формалност“.
Зголемувањето од 10 проценти ќе важи за сите домаќинства и многу мали бизниси со помал броило на моќност.
За нив тоа ќе претставува просечен дополнителен трошок од нешто повеќе од 150 евра годишно (13 евра месечно).
Просечната сметка за струја која денеска изнесува околу 1.700 евра, ќе изнесува нешто повеќе од 1.850 евра.
Во мај, францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер објави дека Франција постепено ќе ги отстранува ограничувањата на цените на електричната енергија до крајот на следната година, кога тие ќе бидат целосно укинати, пренесува Ројтерс.