Директор на училиште во село Лопате ја злоупотребил службената положба

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р. (46) од с. Лопате, директор во ОУ „Битолски Конгрес“ во с. Лопате, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот во својство на одговорно лице во текот на 2014 и 2015 година во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба на тој начин што кон друг вработен во училиштето не презел законски мерки, односно не му го откажал договорот за вработување поради неоправдано отсуство од работа во 2014 и 2015 година.

Со тоа му овозможил му да замине на привремена работа во странство, а за тоа време примал плата и му биле исплатени придонеси.