Без струја денеска и утре повеќе делови од Куманово и околината

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови од Куманово денеска и утре ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи денеска во период од 09:10 до 10:10 часот прекини ќе има во селата Љубодраг, Ново Село, Умин Дол и липковското Ропаљце.

Во Липково струја денеска ќе немаат и мештаните од Матејче во период од 08:00 до 12:00 часот, како и мештаните на Отља во период од 08:00 до 16:00 часот.

Од 08:35 до 11:00 часот прекини се најавени за селото Војник во Општина Старо Нагоричане.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 26-годишен крадец од Куманово

И утре делови на кумановско ќе бидат без струја, информираат денеска од РЦУК.

Така, во период од 09:00 до 13:30 часот без напојување ќе останат корисниците од селото Долно Којнаре, односно дел од надвозникот до сервисот „Бате“.

Во период од 08:00 до 12:00 часот утре прекини ќе има кај зградата на улицата „Ѓорче Петров“ на влезот на населбата Перо Чичо.

И селото Зубовце утре ќе биде без електрична енергија во период од 09:00 до 13:00 часот.

Loading...

На подрачјето на Општина Липково прекини утре во период од 08:00 до 16:15 часот ќе има во селото Опае, а во ист период и во кумановското село Лопате.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец осомничен за лихварство

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски