Продолжуваат високите температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен.

УВ индексот ќе биде многу висок и ќе има коефициент 10, што значи штетно за здравјето.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Постојат слаби услови за нестабилност во попладневните часови со дожд и грмотевици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово утре го пречекува Работнички во последното коло годинава

Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до 35 степени целзиусови.

И за денеска останува издаденото портокалово предупредување за опасност од високи температури.

Подрачјето на Македонија, како што велат од УХМР, и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса.

Ќе се задржи многу топло време со високи температури, утринските на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово со убедлива победа ја заврши 2025 година

Никола Ивановски