Петмина загинати во Полска кога авион се урна при слетување во хангар

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет лица загинаа, а пет се повредени при уривање на авион „цесна“ во хангарот на аеродромот во Нашелск, во близина на Варшава, соопшти полската полиција.

Loading...

„Пет лица загинаа, пет се повредени, а четири лица се неповредени“, изјави за полската телевизија Полсат Маника Новаковска-Бринда од локалната полициска команда.

Најмалку 10 лица се засолниле во хангарот од дождот, а авионот удрил во хангарот околу 19 часот додека се обидувал да слета во лоши временски услови, а меѓу загинатите е и пилотот.

Тој авион се користи за скокови со падобран.

На терен се возила на брза помош, хеликоптери и 16 спасувачи од полската противпожарна гарда.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран ја објавија првата снимка од носач на дронови и хеликоптери. Се гледа е и „невидливиот“ дрон

Медиумите јавуваат дека спасувачите трагаат по уште две лица во урнатините на хангарот.