Над 200 возачи казнети изминатиот викенд во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 200 возачи викендов биле казнети на подрачјето на Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 211 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, вкупно 169, биле изречени поради управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

24 санкции биле изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Александар Гелевски нов директор на Агенцијата за планирање на просторот

Никола Ивановски