Советот за безбедност на ОН ќе ја одржи првата седница за вештачка интелигенција

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на ОН оваа недела во Њујорк ќе ја одржи првата официјална седница за вештачка интелигенција, откако Велика Британија повика на меѓународен дијалог за нејзиното влијание врз глобалниот мир и безбедност.

Loading...

Владите ширум светот размислуваат како да ги намалат опасностите од типот на технологија што би можела суштински да ја промени светската економија и да ја преобликува меѓународната безбедносна средина.

Британија претседава со Советот за безбедност овој месец и се обидува да се наметне како глобален лидер во регулирањето на вештачката интелигенција.

Со седницата во вторник ќе претседава британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Во јуни, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поддржа предлогот на некои водечки луѓе во областа за формирање на меѓународно регулаторно тело за вештачка интелигенција, како што е Меѓународната агенција за атомска енергија.