Неделна прогноза за Куманово: Продолжува пеколното време!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Loading...

Минималната температура, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 16 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 10.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне високи 37 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 35 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме повторно сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 17 степени во утринските часови до максимални 37 во текот на денот.

 

 

Loading...

Четврток носи некој помал пад на дневниот максимум. Ќе имаме сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 18 степени, а дневниот максимум ќе достигне до 34 степени целзиусови.

Петок се очекува да биде потопол и ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од југозапад. Температурата ќе се движи од минимални 18 степени до високи максимални 38.

 

 

Сабота се очекува да го урне рекордот за најтопол ден оваа семица кога живата во термометарот според најавите ќе се искачи до 40 степени целзиусови. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и југозапад.

Недела носи веќе благ пад на температурите. Ќе имаме сончево време со слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 34 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Следната работна недела носи исто така сончево и суво време, но со малку пониски температури.

Никола Ивановски