Над 190 возачи казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 190 лица возачи биле казнети во текот на изминатото деноноќие во Куманово, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 191 возачи, велат од кумановската полиција.

Најголем дел од казните, или 149, биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 25 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и 3 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Александар Гелевски нов директор на Агенцијата за планирање на просторот

Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски