На површина од околу десет хектари нискостеблеста шума и сува трева биле опожарени во текот на вчерашниот ден во атарот на селото Ругинце, Општина Старо Нагоричане, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пожарот бил пријавен околу 18:20 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово по што веднаш е алармирана Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане кои интервенирале на гаснењето.
Сопственоста на имтото, како и причините за пожарот засега не се познати.