МВР: 293 бегалци вчера влегле во Македонија

Сподели со своите пријатели

Вкупно 293 странски државјани добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив најбројни се децата бегалци и тоа 137 кои патувале во придружба на родител или старател, како и три деца како самостојни носители на потврдата. За прв пат жените се побрјни од возрасните мажи и тоа со 81 издадена потврада, додека возрасните мажи со 72 барања.

Според државјанството, потврди биле издадени на 241 државјанин на Сирија и 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан, со што вкупната бројка на издадени потврди од почетокот на година заклучно со вчерашниот ден изнесува 89.116.

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не биле поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.