Бројот на барања за азил во ЕУ во 2022 година достигна речиси еден милион

Сподели со своите пријатели

Бројот на барања за азил во Европската унија во 2022 година е зголемен на речиси еден милион, објави Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA).

Loading...

Агенцијата објави дека лани имало 996.000 апликации, 53 отсто повеќе отколку во 2021 година.

Луѓето од Сирија, Авганистан, Турција, Венецуела и Колумбија се меѓу најголемите групи кои поднеле барање за азил.

Германија добила најголем број апликации од 244.000, а потоа следат Франција, Шпанија, Австрија и Италија.

Луѓето кои избегаа од војната во Украина добија посебен статус на привремена заштита.

Околу четири милиони од нив живеат во Европската унија. Тие не се дел од речиси еден милион барања за азил поднесени минатата година.

Агенцијата соопшти дека бројот на баратели на азил врши „акутен притисок врз веќе затегнатите прифатни области во многу земји“.

Извештајот доаѓа додека лидерите на Европската унија разговараат за нов план за миграција, особено за оние кои илегално стигнале до европските брегови.

Loading...

ЕУ неодамна се согласи на план кој им овозможува на земјите или да прифатат одреден број мигранти или да платат до 20.000 евра (21.000 американски долари) за секое лице што ќе го одвратат.

Сепак, Унгарија и Полска се спротивставија на планот. Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата недела изјави за државната телевизија дека нема да го спроведе.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази уверување во планот, велејќи дека тој им нуди на земјите-членки неколку опции.