35 жени и деца од сириски камп за припадници на ИСИС се вратија во Франција

Сподели со своите пријатели

Десет жени и 25 малолетници од камп за припадници на Исламската држава во североисточна Сирија се вратија во Франција.

Loading...

Во кампот Ал Хол се сместени околу 51.000 луѓе, меѓу кои и многу вдовици, жени и деца на припадници на Исламската држава.

Ирачаните сочинуваат речиси половина, а малцинството потекнува надвор од Блискиот Исток.

Во делот на кампот наречен Анекс има околу 8.000 жени и деца, припадници на 60 националности кои важат за најтврдокорните поддржувачи на идеологијата.

Со години, експертите предупредуваат дека лошите услови во кампот и тесните простории може да доведат до создавање на уште една генерација борци на Исламската држава.

Меѓу странците од Европа, Французите ѝ се приклучија на Исламската држава на врвот на нејзината моќ.

Франција постепено ги враќа своите граѓани дома од 2019 година.

Сите 10 жени кои се вратиле се на возраст од 23 до 40 години и веднаш биле приведени по пристигнувањето.

Loading...

Во соопштението на францускиот обвинител за борба против тероризмот се наведува дека старателството над децата ќе го преземе државата.