Портокалово предупредување за невреме за утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

 

 

Во Куманово и околината утре ќе имаме променливо облачно време, а во попалдневните часови нестабилно со услови за пороен дожд и локално невреме проследено со грмотевици.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални 16 до максимални 28 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Што носи почетокот на февруари?

Од страна на УХМР за регионот на Куманово за утре е издадено портокалово предупредување за невреме со грмотевици.

Loading...

 

 

Низ Македонија и во четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура.

Во Куманово во четврток ќе имаме претежно сончево претпладне со услови за нестабилност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движи околу 17 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци. Под закана ограбиле продажен објект!

 

 

Loading...

Од петок се очекува стабилизирање на временската состојба.

Никола Ивановски